сабота, 27 јули 2024

„Кам маркет“ – најпосакуван работодавач за 2022 година во категоријата маркети

Објавено на

часот

Сподели

Наградите беа доделени врз основа на три критериуми – број на посети на огласите и објавите на „Вработување“, покажаниот интерес од страна на апликантите и јавно истражување спроведено од организаторот.

„Сите признанија ни се драги, но особено сме благодарни за оваа награда, бидејќи се однесува на сегмент што нам како компанија ни е особено битен, а тоа се вработените и нивното задоволство. Воедно, ова е и поттик да продолжиме со унапредување на условите и грижата за вработените. Кам е едно големо семејство и секој член во него е важен, и тие што се долги години со нас, и оние што допрва ќе ни се придружат“, велат од „Кам“.

Наградата не е изненадување ако се има предвид дека освен што КАМ има највисок просек на плати во категорија маркети, компанијата континуирано, без оглед на моменталните економски услови, е доследна на сопствената политика за грижа и развој на човечкиот капитал. Покрај континуираното зголемување на платите и бенефициите на вработените, КАМ за своите вработени обезбедува и исплата на регрес кој за минатата година изнесуваше 33.000 денари. Листата на бенефиции за вработените постојано се дополнува и вклучува слободен ден за роденден, ваучер за склучен брак, пакет производи за Бадник и Велигден, попусти за одмор во хотелот „Вилиџ“ итн. Исто така, Центарот за обука на КАМ реализира програми за вработените за стручно надградување и прилагодување на развојните потреби на компанијата. Значајно место во програмата за грижа и развој на човечките ресурси има и проектот за поддршка на дуалното средно образование, во чии рамки се склучени договори за соработка со 8 средни училишта и педесетина ученици веќе се активно вклучени во работните процеси на компанијата.

На манифестацијата, замислена како „Оскари“ за работодавачите, беа доделени признанија во 7 категории, како и главна награда за апсолутниот победник. Организаторот најавува дека наградите ќе се доделуваат секоја година со цел да бидат мотив, признание и потврда дека Македонија има вистински добри работодавачи кои знаат и умеат да ги градат и почитуваат вистинските вредности, а со тоа и да бидат пример на пазарот за труд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ