сабота, 27 јули 2024
Серија А

Каљари го сопна Интер, „нероаѕурите“ ќе мора да го победат Милан за да слават Скудето на градското дерби (ВИДЕО)

Интер два пати водеше против Каљари но на крајот мораше да се помират само со бод, избраниците на Симоне Инзаги сега ќе мора да го победат Милан доколку сакаат да слават Скудето на градското дерби следната недела.

Објавено на

часот

Сподели

Само прашање на време е кога Интер ќе стане нов шампион на Италија, навивачите сакаат тоа да се случи веќе следниот викенд, и пресметката против лутиот градски ривал Милан.

Откако „росонерите“ попладнево одиграа 3-3 на гостувањето кај Сасуоло, Интер знаеше дека со победа над Каљари, ќе им биде доволно и реми против Милан за шампионско славје.

Избраниците на Симоне Инзаги два пати водеа вечерва, но на крајот мораа да се помират само со бод.

Турам го отвори резултатот во 12. минута, но Шомуродов изедначи по дваесетина минути игра во продолжението.

Чалханоглу од пенал ги врати домаќините во предност од 2-1, сепак Виола во 83. минута реализираше за 2-2 и ги помати сметките на Интер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ