петок, 18 октомври 2024

Калин Ивановски не стигна до главниот турнир во Бергамо

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски загуби во последниот квалификациски меч за пласман на челинџер турнирот во Бергамо.
 

Објавено на

часот

Сподели

Калин Ивановски не успеа да се пласира на челинџер 75 турнирот во Бергамо кој се игра за награден фонд од 73.000 евра.

По вчрашната победа над Италијанецот Алесио Балестиери, македонскиот тенисер денеска загуби од искусниот Михаил Кукушкин кој е речиси за 100 позиции подобар од Калин на АТП листата.

Ивановски одлично го почна мечот против Кукушкин, го доби првиот сет со 6-3.

Во вториот сет Ивановски уште на почетокот зема брејк, поведе со 2-0, но потоа следуваше негов пад. Кукушкин ги доби наредните четири гејма. Нашиот тенисер успеа да се врати, да го однесе сетот во тајбрејк, но таму загуби со 7-2.

Третиот решавачки сет му припадна на Кукушкин со 6-4, со еден загубен свој сервис на Ивановски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ