петок, 18 октомври 2024

Калифорнија на удар на монструозни бранови: Поплавени брегови и улици, има повредени (ФОТО+ВИДЕО)

Во калифорнискиот град Вентура осум лица се повредени додека гледале како булдожери градат песочни насипи за заштита на крајбрежните домови од големите бранови што го погодија брегот на Калифорнија.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Осум лица се повредени кога голем бран удри во нив и ги повлече во водата во областа Пиерпонт во Вентура, соопштија властите. Снимката од моментот кога бранот ги зафати набљудувачите беа објавени на мрежата Икс од страна на пожарникарската служба на Вентура.

Властите на округот Вентура ги затворија плажите, пристаништата до 31 декември.

Слични бранови во четвртокот ги поплавија плажите на калифорнискиот брег, паркинзи и улици, а предупредувања за евакуација беа издадени во ниските области.

Метеоролошката служба соопшти дека поради силните циклони над водите на северниот дел на Тихиот Океан, брановите биле од 3,6 до 5 метри, а во наредниот период се очекува на некои места долж калифорнискиот брег да достигнат висина и до 7,6 метри, поради што се можни поплави.

На Хаваите, кои исто така оваа недела беа погодени од големи бранови, метеоролошката служба ги предупреди капачите на силни струи и бранови високи од 5,5 до 6,7 метри.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ