петок, 18 октомври 2024
Ла Лига

Какво деби, по само 23 секунди откако влезе во игра, Гиу донесе победа за Барселона (ВИДЕО)

17-годишниот Марк Гиу вечно ќе го памети денешниот натпревар меѓу Барслелона и Атлетик Билбао, на своето деби за каталонскиот клуб, донесе победа по само 23 секунди откако влезе во игра.
 

Објавено на

часот

Сподели

Барселона со 1-0 го победи Атлетик Билбао на Монжуик, а херој беше играч кој најмалку се очекуваше да биде, младиот Марк Гиу кој првпат настапи за сениорскиот тим на Каталонците.

Беше 0-0, Гиу во игра влезе во 79. минута од натпреварот и само 23 секунди подоцна со својот прв допир на топката постигна гол за победа на Барселона.

Со денешниот триумф Барселона се доближи на само бод до Реал Мадрид и Жирона.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ