сабота, 27 јули 2024

Како знаете дека е време да купите нова правосмукалка?

Објавено на

часот

Сподели

Ако се соочувате со во некои од наведени проблеми, време е да размислите за купување на нова правосмукалка:

  1. Чистењето ви одзема многу време и троши многу енергија

Ако старата правосмукалка покажува знаци на немоќ и намалено вшмукување, можеби е време да ја замените со поефикасен модел. Инвестирањето во Bespoke Jet може да ви заштеди време и енергија, а докажано е дека задржува 99% од ситните честички прашина и ги намалува алергените во вашиот дом.

Bespoke Jet е едноставен, безжичен и ефикасен при длабинско чистење на домот со 99,999% систем за филтрирање, што помага во ослободување од досадните влакна од домашните миленици и ситните честички во домот. Батеријата на правосмукалката издржува и до еден час работа без полнење, со што ви заштедува електрична енергија. Благодарение на модерниот дизајн со телескопска рамка што лесно се пакува, правосмукалката зафаќа минимум простор во домот. А тежината помала од два килограми, го олеснува движењето и ја прави брза и удобна алатка за чистење.

п

  1. Ви пречи буката што ја прави старата правосмукалка

Колку пати ве разбудила бука од правосмукалка, што доаѓа од вашиот дом или од домот на соседите? Колку пати сте посакале да го исчистите вашиот дом, без да ги разбудите децата, соседите или милениците? Звукот на старите правосмукалки може да создаде немир, па неретко го одложувате чистењето за да избегнете непријатности.

Големата бучава што ја прави старата правосмукалка може да е знак за проблем на уредот, а ако слушате чудни звуци, време е да размислите за замена со нова, модерна правосмукалка која е потивка и нема да ги вознемирува блиските и милениците.

Правосмукалката Bespoke Jet е значително потивка од традиционалните правосмукалки, што го прави чистењето помалку проблематично за вас и вашите најблиски, а истовремено е совршен избор за одржување на чиста и свежа домашна средина за сопствениците на домашните миленици.

с

  1. Вашите потреби се променети и барате нова правосмукалка

Доколку во изминатите години во вашиот дом сте добиле принова, сте вдомиле домашно милениче, или едноставно сте го промениле подот, старата правосмукалка можеби повеќе не е соодветна за употреба. На вашето бебе му е потребен мирен и тивок дом со врвна чистота, а пак, новиот под во домот, исто така, бара нов и модерен уред за одржување на чистотата. Bespoke Jet е специјално дизајниран за задоволување на вашите потреби и очекувања за чист и среден дом. А доколку живеете со милениче – е тоа е веќе друга приказна, која редовно бара поголеми напори за да се одржува домот вашиот чист со хигиена на завидно ниво. Но, не мора е така – покрај Bespoke Jet правосмукалката, која идеално ќе си ја заврши работата и ќе го ослободи вашиот дом од влакната на вашето милениче, како опција ја имате и роботската правосмукалка Bespoke Jet Bot AI+™ која може да послужи истовремено и како чистач и како дополнителен пар очи со низа функции до кои лесно се пристапува преку апликацијата SmartThings на вашиот паметен телефон. Со помош на SmartThings Pet Care лесно ќе можете да ги одредите просториите каде вашето милениче често поминува многу време, а уредот ќе може правилно да се движи и да си ја врши својата работа во режимот Home Alone. Згора на тоа, со режимот Smart Cleaning, кој интегрира препознавање на предмети со вештачка интелигенција, оваа роботска правосмукалка успешно ќе ги избегне предметите на домашните миленици – како што се нивните чинии за храна или омилените играчки – додека истовремено успешно ја чисти просторијата. Понатаму, ако Jet Bot AI+™ препознае дека вознемирениот миленик лае или плаче, може да реагира на звукот со пуштање класична музика, бел шум или други смирувачки природни звуци.

Искористете го промотивниот период и добијте повеќе

Производите на Samsung не само што го разубавуваат вашиот дом, туку и заштедуваат! До крајот на овој месец искористете неверојатната можност за попуст до 30% на  фантастичните уреди од линијата на Bespoke Home. Изберете Bespoke Jet™ правосмукалка или Jet Bot AI+ роботска правосмукалка за хигиенско чистење со гаранција до 3 години.

                                                                                                                                    Комерцијален текст
 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ