Нововработените се на работни места како на пример раководител на одделение за следење и спроведување на прописите и разгледување на предлог прописите од областа на политички систем, советник за стратешко планирање, креирање политики и следење, виш соработник за стратешко планирање, креирање политики и следење, па потоа на овие позиции има помлад и виш соработник, па има помлад соработник за унапредување на употребата на јазиците на етничките заедници, помлад соработник за превод лекторирање и редакција, помлад референт за стратешко планирање, креирање политики и следење…
Во Министерството за политички систем и односи со заедниците најголемиот број на вработени се Албанци. Според владини извори од вкупно 281 вработен, дури 90 Албанци се примени на работа како Македонци, па така е дојден до процентот 32,8 отсто Македонци и 56,94% Албанци. А реалната слика за ова очигледно е сосема поинаква.
Новиот министер за односи со заедниците Иван Стоилковиќ не сакаше да ја коментира ситуацијата во неговото министерство и само прокоментира дека Артан Груби ја управувал оваа институција како да е приватно претпријатие, а не на македонската Влада.
Министри на новата Влада најавуваат дека балансерот како критериум за вработување во државната администрација ќе биде укинат. Ќе се следи правилото „стручноста пред припадноста“, велат новите министри. И вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити вели дека заедничка заложба е освен етничката застапеност при вработувањето да се бара и квалитет при изборот на кадрите. Се најавува нов закон за правична застапеност и запазување на квалитетот при вработување.
А.Д.