сабота, 19 октомври 2024
„Сините“ можат добро да заработат

Како тргнало, половина тим на Челси може да заврши во Саудиска Арабија

Објавено на

часот

Сподели

Голем број на фудбалери на Челси можат да ја заменат Премиерлигата со Саудиска Арабија ова лето.

Преселбата на Нголо Канте во Ал Итихад е завршена работа, а преговори се водат уште со неколку играчи.

Според новинарот Фабрицио Романо, Едуард Менди е во финални преговори со Ал Ахли и се очекува да стави потпис на соработка до јуни 2026 година.

Како што пишува Телеграф, Челси добил предлог тежок преку 100 милиони фунти за во пакет да бидат купени пет фудбалери, односно Ромелу Лукаку, Хаким Зијеш, Калиду Кулибали, Едуард Менди и Пјер Емерик Обамејанг.

Од овие играчи, само Ромелу Лукаку одбил да се пресели во Саудиска Арабија и приоритет му е останување во Интер.

Калиду Кулибали е во преговори со Ал Хилал, додека пак Хаким Зијеш е во преговори со Ал Наср. Пјер Емерик Обамејанг пак има понуди од два клуба, но сеуште не е постигнат никаков договор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ