сабота, 27 јули 2024
Од новинарските прашања

Како лидер на партија сум во посета на компанија, им одговори Ковачевски на новинарите

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, заедно со вицепремиерот Фатмир Битиќи денеска ја посети компанијата Лаплас-М, а потоа дадоа изјави оценувајќи ги како успешни политиките на Владата во однос на развојот на приватните домашни компании. Новинарите ги прашаа двајцата политичари, во каква улога ја посетија оваа компанија.

Објавено на

часот

Сподели

„Како претседател на СДСМ, исто како што во посети одат и други лидери на партии., а Фатмир Биктиќи е и потпретседател на Влада и потпретседател на СДСМ, што значи тој е успешен политичар кој е и потретседател на најголемата партија во Македонија. Тој во работно време посетува компании, но тука е Битиќи, може тој да ви одговори, не можам јас“.

„Во рамки на работното време има време и за пауза и за одмор, така што не знаете дали користам пауза или ден за одмор. Паузата трае еден час и можам за тоа време да посетам компанија, ако сакате може и официјален одговор да доставам како ја регулирав оваа посета“, одговори вицепремиерот Битиќи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ