сабота, 27 јули 2024
Атрактивен гол за три бода на Ливерпул

Како Џерард во најдобрите денови, Мек Aлистер ја искина мрежата на Шефилд јунајтед (ВИДЕО)

Ливерпул се врати на врвот на табелата откако со 3-1 го совлада Шефилд јунајтед, Алексис Мек Алистер постигна гол кој сигурно ќе биде кандидат за еден од најубавите оваа сезона.

Објавено на

часот

Сподели

„Црвените“ беа под притисок откако Арсенал и Манчестер Сити синоќа победија, Шефилд јунајтед ги намачи, но избраниците на Јирген Клоп на крајот стигнаа до трите бода и се вратија на врвот на табелата.

Дарвин го отвори резултатот во 17. минута, Уругваецот беше упорен, до крај го бркаше голманот Грбиќ, па од неговиот блок, топката заврши во мрежата за 1-0.

На стартот од вториот дел, Бредли си постигна автогол за 1-1 и донесе драма, но потоа на сцена стапи Алексис Мек Алистер, кој во стилот на Стивен Џерард, од врвот на шеснаесетникот биеше неодбранливо во аголот за 2-1.

Во 90. минута беа решени сите дилеми, Гакпо со глава од 11 метри погоди за 3-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ