петок, 18 октомври 2024
Гувернерката Ангеловска Бежоска на конференција во Хрватска

Како да се води макроекономска политика во време на константни шокови на страна на понудата, тема која ги собра на едно место банкарите од Европа

Објавено на

часот

Сподели

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска учествува на конференција организирана од Хрватската народна банка (ХНБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), што се одржува во Дубровник, Хрватска.

Ангелвска-Бежоска, како што соопшти Народната банка, учествува во дискусиите на тркалезната маса со кои претседава Георгиева, а коишто се посветени на предизвиците на економиите во регионот во услови на сѐ поприсутна геополитичка фрагментација и на постигнувањето енергетска стабилност за економиите. Притоа, ќе се разговара и за поддршката на Фондот за земјите членки коишто се соочија со неколку последователни кризи во светски рамки.

Во рамки на дводневната конференција ќе се разгледаат повеќе значајни теми поврзани со тековните предизвици, како што се обезбедувањето енергетска сигурност за време на зелената транзиција, приспособувањето кон промените во меѓународната трговија и синџирите на снабдување, како и водењето на макроекономските политики во време на константни шокови на страна на понудата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ