понеделник, 21 октомври 2024
Клубот од Камп Ноу си постигнал автогол

Како Ал Келаифи ја надмудри Барса за да го убеди Дембеле да се пресели во ПСЖ

Објавено на

часот

Сподели

Трансферот на Осман Дембеле во Париз е една од топ вестите во светот на фудбалот изминативе денови.

И покрај тоа што од денеска откупната клаузула на напаѓачот е 100 милиони евра, за очекување е двата клуба да си подадат рака за зделка вредна околу 50 милиони евра.

Медиумите од Франција сега пишуваат како првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи ја надмудрил Барселона за да стигне до услугите на Осман Дембеле.

До „светците“ пристигнал предлог за спектакуларна трампа, односно Осман Дембеле, Гави и Рафиња во замена за Килијан Мбапе.

Откако Килијан Мбапе одбил да се пресели на Камп Ноу, Насер Ал Келаифи стапил во контакт со агентот на Осман Дембеле и го известил за обидот на Барселона да се ослободат од услугите на офанзивниот фудбалер и предложил трансфер.

Кога напаѓачот дознал за ова, ги известил „каталонците“ дека сака да замине и за кратко време пронашол договор со ПСЖ за многу повисока плата од онаа која ја заработува во моментов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ