сабота, 27 јули 2024

Кака заминува од Реал, Роналдињо се враќа во Европа?

Објавено на

часот

Сподели

Иако неодамна објави дека смета на Кака барем до крајот на сезоната, Мурињо го сменил мислењето, па според информациите на „Ле Паризиен“, Реал Мадрид сега е подготвен да разговара со Бразилецот за секоја понуда од 30 милиони евра. Кака за 60 милиони евра дојде од Милан во акцијата „галактикос 2“, но не прикажа ниту 20 отсто од игрите меѓу „росонерите“.

Се претпоставува дека ПСЖ веднаш ќе тргне во акција за да го ангажира, особено што Леонардо и Карло Анчелоти ги водат „светците“, а тие беа клучни во доведувањето на Кака во Милано во 2003 година од Бразил. Челси и Милан исто така се заинтересирани за услугите на овој фудбалер.

Покрај Кака, и сонародникот Роналдињо деновиве е топ тема околу можноста да се врти во Европа. Братот на поранешниот најдобар светски фудбалер, Роберто де Асис најавил таква опција затоа што Фламенго, актуелниот клуб на Роналдињо им должи два милиони долари за плати.

„Пет месеци чекаме. Некој ќе ја искористи оваа ситуација“, загадочно најави Роберто.

Се претпоставува дека италијански и шпански клубови чекаат на разврска, иако Патрисија Аморим, претседателката на Фламенго најавува брза разрешница. Роналдињо се врати во Бразил лани со цел да ја темпира формата за враќање во националниот тим за СП 2014 година што се одржува во најфудбалската земја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ