сабота, 27 јули 2024
Дефанзивецот на Сити одигра клучна улога

Кајл Вокер вели дека Реал Мадрид има една голема маана: Кога ќе го сопрете него, немаат план Б

Објавено на

часот

Сподели

Манчестер Сити синоќа го надигра Реал Мадрид и го совлада со 4-0 за пласман во финалето од Лигата на шампионите. Кајл Вокер можеби немаше некој посебен придонес во нападот, но затоа одигра одлично во одбрана и го неутрализираше Винисиус, особено беше импресивен неговиот спринт при резултат 1-0 кога го спречи Бразилецот да се најде во гол шанса.

„Треба малку да бидете арогантни, исто како што се напаѓачите. Сакам дуели еден на еден, имам верба во мојата брзина, знам дека можам да се носам со него. Исто така сум покрупен и посилен од Винисиус, па играв и на оваа карта. Со мал контакт го исфрлав од баланс“ – вели десниот бек на „граѓаните“.

„Една работа која ја обожавам во овој тим е тоа што секој од нас има улога и одговорности. Јасно е дека имаме квалитетни играчи како Грилиш, Де Брајне или Халанд, но немаме суперѕвезда, играме како тим наместо да оставиме се во рацете на еден играч“.

„Реал Мадрид има многу квалитетни играчи, но Винисиус им е најдобриот поединец. И кога ќе го неутрализирате него, дали тие имаат план Б?“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ