петок, 28 февруари 2025

Каја Калас: НАТО е најдобрата безбедносна гаранција за Украина

НАТО ја дава најдобрата безбедносна гаранција за Украина, изјави вчера високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Каја Калас, спротивно на ставот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Калас во Вашингтон за АФП изјави дека Европејците нема да можат да придонесат за евентуалниот договор за Украина ако не бидат поканети на преговарачката маса, додека Трамп би сакал директно да преговара со рускиот претседател Владимир Путин.

„НАТО-чадорот“ е единственото нешто што навистина функционира, единствената безбедносна гаранција што функционира, изјави поранешната естонска премиерка, која е во посета на Вашингтон.

Трамп отфрли секаква можност Украина да се приклучи на НАТО, на што Москва исто така се спротивставува, и беше неодреден околу безбедносните гаранции што САД би биле подготвени да ѝ ги понудат на Украина во случај на прекин на огнот по тригодишната руска инвазија.

Трамп рече дека желбата на Украина да се приклучи во НАТО „веројатно е причината поради која почна целата работа“ – војната со Русија.

Каја Калас оцени дека „овие обвинувања се целосно погрешни“ и дека тоа е „руска реторика во која не треба да веруваме“.

Таа праша „зошто на Русија да ѝ се даде она што го сака, згора на тоа што веќе го направи, а тоа е нападот врз Украина, анексија и окупација на територија“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ