сабота, 26 октомври 2024

Кај Мариово сè уште гори, активни се уште седум пожари (ВИДЕО)

Пожарникари од повеќе градови цел ден се на терен во Мариово и се обиодуваатда го стават под контрола и да го изгаснат големиот пожар кој е активен веќе четврти ден. Според директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов кој беше на теренот во Мариово, делови од пожарот се изгаснати, но со топлото време се разгорува онаму каде преку нуќта огнот се стишил. Интервенција од возухопловите беше оневозможена поради густиот чад.

Објавено на

часот

Сподели

Во Мариово горат нискостеблести растенија, но зафатена е и борова шума. Огнената линија не е веќе 20 километри како вчера. На терен се повеќе од 190 пожарникари, војници и полицајци. Пожарот ги зафати атарите на селата Пештани, Кокре, Кален, Дуње, Бонче, Крушевица и Волково, а се шири и кон Бонче, превојот Слива и селата Чумово.

ЦУК информира дека денеска имало вкупно 26 пожари на отворен простор, од кои активни се 8 и изгаснати се 18.

Гори кај Општина Чашка, на планината Мукос, Општина Петровец кај селата Градмаци, Брезница и Катланово, Општина Штип, кајс селата Хаџи Хамзали, Едеклерци, Топлик, полигон Криволак, кај селото Танушевци во Општина Чучер Сандево, Општина Долнени кај селото Десово, во Прилеп гори во близина на ресторанот „Романса“ на стариот пат за Битола и кај местото викано Дервен во близина на планинарскиот дом Дервен.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ