петок, 26 јули 2024

Кај хрватски остров виден кит (ФОТО)

Хрватскиот национален парк Млет на социјалните мрежи објави дека во Млетскиот канал е забележан кит.

Фото: Фејсбук

Објавено на

часот

Сподели

„Во моментов немаме повеќе информации ни сознанија за кој вид станува збор, но ве молиме да не му се приближувате со бродови и да ни јавите локација и време кога ќе го забележите“, напишаа на Фејсбук.

Н1 Загреб потсетува дека минатата година во близина на островот Вис било забележано јато китови.

Во Јадранското Море и претходните години беа забележувани китови. Од институтот Плави свет мината година потврдија дека кај Вела Лука било забележано јато китови кашалот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ