Притоа хеликоптерот на МВР исфрли 17 тони вода, пожарот е локализиран, спречено е негово ширење кон пределот каде се поставени ветерниците.
Во пожарот кај Богданци изгореа 500 хектари нискостеблеста шума. Во гаснењето на пожарот учествуваа и два ер-трактори на ДЗС и пожарникари од Дојран и Валандово, соопшти МВР.