сабота, 27 јули 2024

Кај Арачиново маж погоден со куршум во главата

Маж од село Брест на пат за Арачиново застанал кај една чешма и паднал. Бил погоден од куршум во главата.

Објавено на

часот

Сподели

„Во СВР Скопје, вчера во 18.52 часот, од Градската општа болница ‘Св.Наум Охридски’ било пријавено дека кај нив со повреда од заталкано зрно бил донесен А.С.(29) од село Брест, Скопско.

Како што соопшти МВР, според пријавеното, околу 17.30 часот на патот кон село Арачиново, скопско, тој застанал до чешма, при што почувствувал удар во главата и паднал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ