сабота, 27 јули 2024
Прес-конференција на СДСМ

Каевски: ВМРО-ДПМНЕ ги партизира општините и ги поскапе комуналните услуги

Објавено на

часот

Сподели

„Охрид и Прилеп се и едни од најзадолжените општини кои должат шест, односно близу два милиони евра.

И додека Општина Прилеп должи пари, тамошното јавно комунално претпријатие Комуналец, распишува тендер за привремени вработувања вреден речиси 400.000 евра за да вдоми партиски кадри.

И сето тоа се случува откако граѓаните на Прилеп плаќаат во просек за 20 отсто поскапа вода и за 60 отсто поскапи комуналии.

И не е само општина Прилеп којашто расипнички се однесува кон парите на граѓаните.

За времени вработувања Општина Бутел троши над 280.000 евра, Општина Гази Баба над 220.000 евра, пет милиони денари троши општина Аеродром за истата намена, а милиони денари за вработувања трошат и општините Кочани, Илинден, Велес… сите раководени од ВМРО-ДПМНЕ.

Посебна приказна за неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ е Градот Скопје кој има долг од три милиони евра, но има и блокирана сметка и се ближи кон целосен банкрот.

Поради инаетот и каприците на Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ изгуби грант од 70 милиони евра и дополнително плаќа годишни пенали.

Најголемата единица на локалната самоуправа со убедливо најголем буџет од 100 милиони евра, Скопје, ВМРО-ДПМНЕ го доведе до состојба на нефункционалност и пред банкрот.

Досега вакво нешто се нема случено.

Но, секогаш кога оваа партија ќе дојде до власт и во допир со парите на граѓаните, на општините им се случува катастрофа“, рече Каевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ