сабота, 27 јули 2024

Каевски: Со заканите кон Пендаровски ВМРО – ДПМНЕ го врати речникот од 27 април

Со ниските напади и закани кон Стево Пендаровски дека требало да се исели подалеку од Македонија, ВМРО – ДПМНЕ го врати речникот од 27 април, а во недостаток на план и програма, во паника од пораз на изборите, ДПМНЕ преминаа во лични дискредитации и отворени закани кон граѓанскиот кандидат Стево Пендаровски, реагира пратеникот Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Ништо не е променто во ДПМНЕ, тоа е истата партија од минатото. ДПМНЕ е режимска партија, која сее раздор, навреди, омалавувања и закани кон сите неистомисленици. Партија која нема што друго да им понуди на граѓаните, освен изолација, блокади, враќање назад во мрачното минато. На реториката од 27 ми април не и е местото во кампањата и граѓаните тоа ќе го казнат на изборите. Граѓаните ќе изберат проевропски претседател, Стево Пендаровски кој заедно со проевропска Влада формирана од СДСМ ќе ја внесат земјата во ЕУ“, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ