среда, 22 мај 2024

Каевски: Обвинувањата на ОЈО се неосновани и тенденциозни

Поранешниот директор на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Дарко Каевски, реагираше по повод поднесениот предлог за обвинителен акт од страна на Основното јавно овбинителство (ОЈО) за проневерени пет милиони евра.

Објавено на

часот

Сподели

За Каевски обвинувањата од ОЈО се неосновани и тенденциозни, тој тврди дека никогаш не го прекршил законот.

Според ОЈО, Дарко Каевски, Даниел Димевски и Наумче Мојсовски, заедно со уште деветмина го оштетиле буџетот на Република Македонија за околу 5 милиони евра преку искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури извришле распределба на средства наменети за спортистите.

„Ги отфрлам сите обвинувања на ОЈО кои ги сметам за неосновани и тенденциозни. Најодговорно тврдам дека го немам прекршено законот во ниту еден случај и тоа ќе се докаже.
Очекувам и во исто време сум убеден дека во една јавна, транспарентна, фер постапка ќе се докаже вистината и целосна моја невиност. Ништо од ова нема основа и затоа што фактите покажуваат дека:
1. Ниту сум можел ниту сум влијаел, ниту сум поттикнувал било кој од Централната Комисија. Особено што е именувана од друг орган надлежен по Закон, на владина седница. Дополнително сите членови во своите изјави кажале дека не сум присуствувал на работа на комисијата ниту сум давал сугестии. Се е јасно.
2. Во делот на надзорот според тогашниот закон за спорт член 14е, извештајот се доставува до следната календарска година од добиените ваучери најдоцна до 15ти јуни или во конкретниот случај тоа е до 15.06.2021 година, период во кој што јас не сум директор на АМС.
Не навлегувам во мотивите на ОЈО да бидам опфатен со ваква постапка, постои сомнеж дека ова е можеби и злоупотреба за избораната кампања, но едно е сигурно вистината ќе се потврди. Дополнително на ова вештачењето е од 25.04.2024 година ден после првиот круг од претседателските избори, а предлогот е доставен за 3 работни дена потоа“, вели Каевски во својата реакција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ