сабота, 27 јули 2024

Кадировци со одговор до демонстрантите во Москва против изградбата на џамија: Треба да бидете уништени (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Им се обраќаме на сите, вклучително и несловени и немуслимани, кои ја нарушуваат изградбата на џамијата во градот Москва, во нашата заедничка Русија. Во моментов сме на фронтот и видовме видеа направени од различни луѓе кои не се муслимани. Ги повикуваме властите на Руската Федерација да покренат кривични истраги против овие лица и да изречат пресуди“, велат на почетокот на пораката.

„Така и другите луѓе ќе разберат. Ние не сме заинтересирани за тие мултинационални прашања. Тие што го прават ова треба да бидат затворени или уништени. Не ви се закануваме. Само ве предупредуваме. Ако сте против волјата на Семоќниот, ќе се бориме и против вас. Не ни е грижа против кого се бориме“, продолжуваат тие.

„Ќе замижиме еднаш на ова за да ве натераме да размислите. Но, ако има уште едно вакво видео, дефинитивно ќе дојдеме по вас. Алаху Акбар“, заклучија во пораката.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ