сабота, 27 јули 2024

Кадиров за демонстрантите против изградбата на џамијата во Москва: Ако сте патриоти, одете во рововите

Објавено на

часот

Сподели

„Ако сите овие учесници на протестот излегоа (…) со идеја да ја заштитат руската земја, тогаш (треба) да одат во рововите со митралези! Покажете го својот патриотизам, дејствувајте, не зборувајте само и не се вклучувајте во провокации за да покажете колку ја сакате својата татковина“, напиша тој.

Жителите на московската област Косино-Утомски протестираат од почетокот на февруари за да го изразат своето противење за изградбата на нова џамија во нивната област. Демонстрантите како причина за протестот го наведуваат стравот дека новата џамија ќе предизвика сообраќаен метеж, прилив на мигранти и зголемување на криминалот.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ