сабота, 2 ноември 2024

Кадиров пристигна кај Путин: „Чеченците се подготвени. Чекаме наредба“

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров на својот канал на Телеграм објави дека денеска во Москва се сретнал со рускиот претседател Владимир Путин и го информирал за најважните области на развој на Чеченската Република, пренесува руската државна новинска агенција РИА Новости.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска во Москва се сретнав со врховниот командант, претседателот на Русија, Владимир Владимирович Путин. Шефот на државата се интересираше за социо-економската ситуација во Чеченската Република, плановите за развој на регионот за 2024 година“, напиша Кадиров.

„Го информирав за најважните области на развој на републиката кои бараат внимание и учество на федералната влада… Како и секогаш, Владимир Владимирович не остави ниту една тема без внимание. Секоја таква средба се одвива со целосна вклученост на нашиот претседател во процесите на Чеченската Република и завршува со усвојување на избалансирани и промислени одлуки“, додаде тој.

Тој тврди дека го информирал Путин за борбениот статус на единиците во зоната на „специјалната воена операција“, односно за условите на службата, борбениот статус на единиците во зоната на фронтот. „Исто така му ја спомнав и целосната подготвеност на резервните (чеченски) трупи да одат во зоната на ‘специјалната операција’ во секој момент при прва наредба“, посочи тој.

„Владимир Владимирович високо ги цени достигнувањата на чеченските борци и нивниот придонес за време на ‘специјалната воена операција’ и ме замоли да им ја пренесам неговата благодарност, искрените честитки и најдобрите желби во врска со Денот на бранителите на татковината“, изјави Кадиров.

Според чеченскиот лидер, секоја средба со Путин е плодна, а врз основа на резултатите од неа се носат одлуки важни за развојот на Чеченија.

„Му благодарам на Владимир Владимирович за издвоеното време, апсолутната поддршка и сите покренати прашања, како и зборовите на благодарност упатени до борците и целиот чеченски народ. Таквото чувствително внимание од претседателот на Русија предизвикува почит и чувство на гордост за нашата голема Русија“, заклучи Кадиров.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ