недела, 20 октомври 2024

Кадиров: Ќе се одмаздиме за нападот на Кремљ, но уште е рано

Објавено на

часот

Сподели

Чеченскиот лидер во својот пост ги пофали „воздржаноста и мудроста“ на рускиот претседател Владимир Путин бидејќи „не реагирал на подлата провокација“. Напомена дека одговорните за нападот ќе сносат „праведна, заслужена казна“, но дека е сè уште рано за тоа. „Задачата на Русија е да ги обнови глобалните институции на правдата“, пренесува Медуза.

„Значи, денес провокација не смее и нема да го промени планираниот тек на специјалната воена операција. Да, тоа беше напад на претседателот, а со тоа и на државата, а со тоа и на сите граѓани на Руската Федерација. Но тоа не смее да влијае на нашите смислени планови и интереси. Нормално дека ќе има одмазда. Ќе има хируршка прецизност“, заклучи тој.

Русија во средата објави дека украинските сили во текот на ноќта со два дрона се обиделе да извршат напад на Кремљ. Наведоа дека дроновите биле онеспособени со радарска опрема. Додадоа дека во нападот немало жртви, но го водат како „обид за убиство“ на Путин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ