сабота, 27 јули 2024

Кадиров ги поддржа Палестинците, понуди да испрати свои борци

Откако чеченскиот лидер Рамзан Кадиров им изрази поддршка на Палестинците, Кремљ соопшти дека Русија одржува дипломатски врски со двете земји вклучени во конфликтот.

Објавено на

часот

Сподели

„Имаме долгогодишни историски врски со Палестинците, продолжуваме да ги негуваме контактите, вклучувајќи и на високо ниво. Но во исто време имаме односи и со државата Израел, со која исто така имаме многу заедничко, особено голем број наши сонародници кои живеат во таа држава“, кажа портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков. „Затоа, во овој случај, одржуваме односи со двете страни“.

На прашањето за природата на руската поддршка на Палестинците, Песков кажа дека Москва е активно вклучена во дипломатските напори и дека учествува во различни формати барајќи основа за решение. „Планираме да продолжиме да вложуваме напори и да играме улога во смисла на помош во наоѓањето пат до договор“, кажа Песков.

Во снимка објавена вчера Кадиров им изрази „целосна поддршка“ на Палестинците и предложи распоредување свои „миротворни сили“ во мисијата за решавање на конфликтот во Израел. Кадиров ги повика „исламските, муслиманските и арапските земји да дадат заедничка изјава во заштита на своите муслимански браќа“ и ги обвини Западот и Европа за конфликтот во Израел.

Претходно Песков изрази значителна загриженост поради ескалацијата на израелско-палестинскиот конфликт и повика на мирно решение.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ