сабота, 27 јули 2024

Кадиров: Чеченски борци ги фатија терористите кои ја нападнаа Москва

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров соопшти дека припадници на баталјонот Ахмат учествувале во фаќањето на терористите вмешани во терористичкиот напад на концертната сала во предградието на Москва.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Војници на баталјонот Ахмат, стационирани во Бријанската област, каде ја штитат државната граница на Русија со Украина, заедно со Центарот за специјални намени на ФСБ, учествуваа во апсењата на четворицата терористи кои се обидуваа да ја преминат руско-украинската граница“, напиша Кадиров на Телеграм.

„Чеченските борци стигнаа околу три часот наутро на координатите каде се трагаше по терористите и веднаш ја прочешлаа областа, заедно со ФСБ и борците на Ленинградскиот воен округ на руските оружени сили“, додаде тој.

Според него, за време на операцијата никој од припадниците на безбедносните сили не бил повреден. Командантот на Западниот воен округ, генералот-полковник Евгениј Никифоров, им се заблагодари на борците на Ахмат. Службениците на Центарот за специјални намени на ФСБ исто така му изразија благодарност на шефот на Чеченската Република.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ