петок, 25 октомври 2024

Kaде запна стратегијата за развој на рударството во Македонија?

Уште во 2014 година владата на Никола Груевски донесе одлука да се издаваат концесии за проспекциски геолошки истражувања за металични минерални суровини на територијата на источна Македонија. Владата тогаш дозволи да се прават истражувања во дури 22 општини за да се откријат нови локалитети. Определбата беше развој на рударството во Македонија. Што се случи?

Објавено на

часот

Сподели

Според тогашната одлука, предмет за доделување концесии за вршење на проспекциски геолошки истражувања се два простора. Во првиот спаѓаат општините Делчево, Пехчево, Берово, Радовиш, Штип, Карбинци, Чешиново-Облешево, Зрновци, Виница и Македонска Каменица, а вториот простор Василево, Струмица, Дојран, Валандово, Богданци, Гевгелија, Кавадарци, Неготино, Градско, Демир Капија и Конче.

,,Како основни цели за доделување на концесиите за вршење на проспекциски геолошки истражувања е откривање на нови локалитети на дел од територијата на Република Македонија перспективни за понатамошни детални геолошки истражувања за металични минерални суровини, а концесиите за просторите се доделуваат поодделно“, стои во владината одлуката објавена во Службен весник.

Истражувањата некаде дадоа добри резултати со богати наоѓалишта на металични минерални суровини. Меѓу првите најави беше отворањето на рудникот Иловица, на почетокот со најмалку 500 директни и уште толку индиректни вработувања. Почна изградбата на рудникот Казандол на украинската компанија Сардич МЦ која беше прекината по реакциите на локалното население и на еко-здруженијата. Македонија е во исчекување на резултатот од меѓународната арбитража за тоа колкаво ќе биде обештетувањето кое ќе треба да го плати. И Еуромакс рисорсис, носителот на концесијата за рудникот Иловица-Штука се заканува со сличен таков спор доколку не ја добие дозволата за почеток со ископите на овој рудник.

d 

Со години Русија манипулира со информации, вклучувајќи дезинформации и лажни вести, во обид да создава поделби во општествата, да ги поткопа демократските процеси и институциите и да обезбеди поддршка за нејзината империјалистичка политика, се наведува во првиот Извештај на Европската служба за надворешни работи, посвете на манипулациите и вмешателствата од трети страни. Разни меѓународни организации велат дека ваквото замешателство е присутно и во бизнисот во Македонија, особено во рударството.

Во последната анализа за земјите од регионот на бугарскиот Центар за демократскистудии потенцира дека во годините пред инвазијата во Украина, Кремљ веќе ја искористи недоволно строгата регулаторна средина во Југоисточна Европа за да се впушти во заробување на државата преку непроѕирни локални мрежи на покровителство и влијание. Овие мрежи, составени од деловни тајкуни, политичари и други фактори кои влијаат и се поврзани со Кремљ, продолжуваат активно да ја олеснуваат Русија во употреба на енергијата, финансиите и медиумите како оружје за унапредување на нејзините интереси. Според Центарот, Русија долго време користи сокриени корпоративни сопственички структури и незаконски финансиски текови за да обезбеди сè од нови технологии и техничка експертиза до економско и политичко влијание во земјите кои претставуваат интерес за неа. Кремљ постојано ја користи својата интеграција во западниот финансиски систем за да ги искористи празнините во системите.  

И во истражувачката сторија објавена на новинарската мрежа „Белингкет“ се наведува дека Русија се обидува да манипулира со пазарот и да влијае при државното одлучување во секторите во кои има интерес, а тука се споменува и рударството. Таков е случајот со рудникот Иловица. Генезата на оваа потенцијална инвестиција ги вклучува и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кои во улога на носечки партии во владите во различни периоди носеле одлуки за отворање на рудник кој според анализите би создал предуслови за долгорочен економски развој на овој регион, но и на државата во целина. 

Меѓутоа, заради отпорот на населението надлежните институции се пишманат, повлекуваат одлуки до мера во која на државниот буџет му се заканува штета од најмалку една милијарда евра. Клучното прашање е дали отпорот против рудникот е автентичен? На само 50 км од Иловица е рудникот Бучим каде исто така се експлоатира бакар. Симптоматично никој од активистите кои бараат Владата трајно да ги одземе концесиите никогаш не протестирал и не побарал рудникот Бучим да престане со работа. Која е разликата меѓу концесионерите во Бучим и Иловица? Еуромакс рисорсис е носителот на концесијата во Иловица, канадска корпорација каде Трафигура, како светски рударски гигант, е еден од главните акционери. 

Интересно е што на теренот во Струмичката котлина се активира инцијативата „И здравје и работа“ која најавува компромитирачки информации за некој од гласните противници на изградбата на рудникот Иловица. Иако СДСМ се придвижи на запад на стратешко ниво, на локално ниво партијата се залагаше за агенда против рударството, откажувајќи концесии на четири западни компании од 2017 година. 

Од иницијативата „И здравје и работа“ која ја сочинуваат жители од југоистокот кои го поддржуваат проектот за изградба на рудникот за бакар Иловица-Штука, обвинија дека поради неколкумина добро мотивирани гласни противници на изградбата на рудникот, локалното население и генералната македонска јавност нема еднаков пристап до сите релевантни информации. Тие прашаа „кој, колку и од кого има добиено пари на рака преземајќи обврска за регрутирање критична маса за ширење паника меѓу населението“ и најавија дека допрва ќе споделуваат повеќе детали.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ