сабота, 27 јули 2024

Кацарска: Ако до декември не се изберат судии, ќе влеземе во уставна криза

Објавено на

часот

Сподели

На прес-конференцијата по работниот состанок со претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Димитар Ковачевски, таа кажа дека Со ваква ситуација Судот се соочува за првпат и со секој поминат ден граѓаните трпат штети, бидејќи нивни иницијативи и предмети се одложуваат, а Судот не може да одлучува.

Според неа, се работи за проблем на државата и очекува поддршка за побрзо надминување на ситуацијата.

„Уставниот суд е независна институција и токму поради намерата да се заштити независноста и угледот на судот, неформални средби со политичари немаме и нема да има ниту во иднина. Затоа ќе ја информираме јавноста за секоја промена и сите апели и барања за поддршка“, изјави Кацарска.

Во однос на проблемите со кои се соочува Судот, Кацарска наведе дека Указот за Преспанскиот договор и Законот за употребата на јазиците нема да бидат ставени на дневен ред, сè додека не се изберат девет судии.

Уставниот суд, според Кацарска, функционира на граница од кворум и многу луѓе се засегнати од предметите кои заостануваат, како што е законите за социјална заштита, за јавно обвинителство, за даноци и одлуки за оспорување на ДУП-ови. Сепак, кажа дека на средбата не се зборувало за рокови, бидејќи таа не може никого да обврзува со рокови, но побарала поддршка тоа да биде во најкраток можен рок.

Претседателот Пендаровски, како што соопштија од неговиот кабинет, на средбата ја истакнал потребата за скорешно надминување на предизвиците во работата на Уставниот суд, посочувајќи дека во интерес на сите е Уставниот суд да работи во комплетен состав, со целосен капацитет и во соодветни технички услови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ