сабота, 27 јули 2024
Закани кон претседателката на Уставниот суд

Кацарска пронашла импровизиран кревет и нож во нејзината гаража, МВР го потврди случајот

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска чера во МВР пријавила дека на нејзиното гаражно место во зградата во која живее пронашла мпровизиран кревет и кујнски нож забоден во приклучокот за струја.

Објавено на

часот

Сподели

Од МВР го потврдија настанот и информираа дека е известен надлежен јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

„На 14 мај 2024 во СВР Скопје од страна на Д.К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, во нејзино гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож кој бил забоден на прекинувачот за светло“, информираа од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ