Од МВР го потврдија настанот и информираа дека е известен надлежен јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
„На 14 мај 2024 во СВР Скопје од страна на Д.К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, во нејзино гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож кој бил забоден на прекинувачот за светло“, информираа од МВР.