четврток, 19 септември 2024

Кабинетот на Вјоса Османи реагира: Аеродромски службеник насилнички се обиде да ја турне

Од кабинетот на Вјоса Османи во врска со инцидентот на Меѓународниот аеродром Скопје велат дека откако претседателката влегла во авионот, скопскиот аеродром не дозволувал комерцијалниот авион да полета кон Љубљана повеќе од еден час под изговор дека словенечката држава не го дозволувала тоа затоа што тамошниот аеродром не бил подготвен за слетување. Но, се додава во реакцијата, од кабинетот на Османи стапиле во контакт со словенечката страна од каде им било кажано дека тоа не било точно и оти авионот ќе можел да слета во предвиденото време.

Објавено на

часот

Сподели

Однесувањето на македонскиот аеродромски службеник е спротивно на секоја меѓународна практика, според која, шефовите на држави кога патуваат се заштитени со дипломатски привилегии и имунитети. Ова е реакцијата на Беким Купина, советник за медиуми на косовската претседателка Вјоса Османи, по денешниот инцидент на скопскиот аеродром.

„Спротивно на меѓународните практики и Виенската конвенција за дипломатски односи, обезбедувањето на скопскиот аеродром се обиде да ѝ го земе личниот телефон на претседателката. Таа не дозволи такво нешто, бидејќи тоа би било сериозно прекршување. И покрај образложението на правилата што тимот на претседателката му го соопштиле на аеродромскиот службеник, тој се обидел физички да ја турне претседателката, при што косовската полиција била принудена да реагира. Ваквото однесување на македонскиот аеродромски службеник е спротивно на секоја меѓународна практика, според која, шефовите на држави кога патуваат се заштитени со дипломатски привилегии и имунитет“, се вели во ставот на советникот Купина. медиуми.

Купина додава дека аеродромскиот персонал ѝ ја одзел и чантата на Османи спротивно на правилата.

„Прекршувајќи ги овие правила, македонската страна ѝ ја одзеде чантата на претседателката. Иако тоа е спротивно на правилата, тимот на претседателката го дозволи за претседателката да може да влезе на аеродромот, поточно во ВИП-салонот, кој беше резервиран со нота од нашата амбасада, како што е практика за патувањата на шефовите на држави. Но, од безбедносни причини, не е дозволено предавање на личниот телефон на кој било начин. Арогантното и насилничко однесување на службеникот на скопскиот аеродром е без преседан и никогаш не се случило на ниту едно патување на претседателката никаде во светот“, се додава во реакцијата.

Османи го известила претседателот на Собранието, Африм Гаши, на кого му се заблагодарува за укажаната помош.

Од кабинетот на Вјоса Османи велат дека откако претседателката влегла во авионот, скопскиот аеродром не дозволувал комерцијалниот авион да полета кон Љубљана повеќе од еден час под изговор дека словенечката држава не го дозволувала тоа затоа што тамошниот аеродром не бил подготвен за слетување.

Но, се додава во реакцијата, од кабинетот на Османи стапиле во контакт со словенечката страна од каде им било кажано дека тоа не било точно и оти авионот ќе можел да слета во предвиденото време.

„Претседателството го смета секој напад и нерегуларно постапување во спротивност со меѓународните конвенции на високи државни функционери како напад врз самата држава Косово. Република Косово никогаш во својата историја не се однесувала на таков начин кон претседателот, премиерот или министрите на Северна Македонија или која било друга земја, ниту пак некогаш ќе дозволи такво нешто“, се додава во реакцијата.

Од Министерството за внатрешни работи вечерва информираа дека денеска околу 10 часот на Меѓународниот аеродром Скопје, додека претседателката на Косово, Вјоса Османи, поминувала на гранична контрола, во моментот кога од неа било побарано да го остави телефонот за да помине низ скенер, едно лице од нејзиното обезбедување го оттргнал вработеното лице од ТАВ, за таа да помине без скениран телефон и рачен багаж. Иако вработениот бил оттргнат, сепак багажот бил вратен и поминал на скенер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ