петок, 17 јануари 2025

Кабинетот на Нетанјаху: Постигнат е договор за ослободување на заложниците

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека „постигнал договор“ за ослободување на заложниците, додавајќи дека е планиран состанок на кабинетот за безбедност подоцна во текот на денот.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Преговарачкиот тим го информираше премиерот Бенјамин Нетанјаху дека се постигнати договори за ослободување на заложниците“, се наведува во соопштението на неговиот кабинет, пренесува Индекс.хр.

Во четвртокот, кабинетот на премиерот го обвини Хамас дека се откажал од клучните точки од договорот за извлекување во последен момент, што Хамас го негираше.

„Премиерот нареди денеска да се состане политичкиот и безбедносен кабинет. Кабинетот потоа ќе се состане за да го одобри договорот“, соопшти кабинетот на Нетанјаху.

Тој додаде дека семејствата на заложниците се информирани и дека се подготвуваат да ги пречекаат.

Доколку израелската влада го одобри, договорот за прекин на огнот ќе започне во недела и ќе вклучува размена на израелски заложници за палестински затвореници. Условите за траен прекин на воените дејствија ќе бидат финализирани подоцна.

Договорот во средата го објавија посредниците Катар и САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ