вторник, 22 октомври 2024

Кабаст отпад се собира во општина Гази Баба

Акцијата за собирање кабаст отпад во моментов се спроведува во скопската општина Гази Баба.

Објавено на

часот

Сподели

„ЈП Комунална хигиена-Скопје на следните локации постави специјални садови во коишто жителите на оваа скопска општина можат да го одложат својот кабаст отпад ул. Маџари, спроти ресторан Далиа Ченто, ул. Лазар Поп Трајков, кај месната заедница, Автокоманда, ул. М.А.Ченто, и кај месната заедница, Алија Авдовиќ, ул. Благоја Стефковски, кај КАМ маркет, Триангла“, информираат од ова комунално претпријатие.

Во рамките на акцијата за собирање кабаст отпад на ЈП Комунална хигиена-Скопје, досега биле подигнати и транспортирани 130 кубни метри кабаст отпад во општината Ѓорче Петров, 170 кубни метри во општината Карпош, 130 кубни метри во општината Центар, 150 кубни метри во општината Кисела Вода, како и 80 кубни метри во општината Аеродром.

Од 29 август акцијата ќе започне да се реализира во скопската општина Чаир.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ