среда, 23 октомври 2024

Кабаст отпад граѓаните на Aeродром може да остават на неколку локации

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје спроведува акција за собирање кабаст отпад во скопската општина Аеродром која трае и во текот на утрешниот ден. На повеќе локации се поставени специјални садови во кои жителите можат да го одложат својот кабаст отпад. Садовите се поставени на бул.АСНОМ бр. 68 во населба Јане Сандански, на ул.Коста Новаковиќ бр.48 во Стар Аеродром, на бул.Видoe Смилевски – Бато бр. 19 во Ново Лисиче и на бул. АСНОМ бр.5 (кај Рамстор) во населбата Ново Лисиче.

Објавено на

часот

Сподели

„Во рамки на акцијата за собирање кабаст отпад на ЈП Комунална хигиена – Скопје досега беа подигнати и транспортирани 130 кубни метри стар мебел и покуќнина во општината Ѓорче Петров, 170 кубни метри во општина Карпош, 130 кубни метри во општина Центар, како и 150 кубни метри во општина Кисела Вода“, се наведува во соопштението.

Од 25 август 2024 година акцијата ќе продолжи да се реализира во скопската општина Гази Баба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ