понеделник, 24 јуни 2024

К.У.Р. одбележуваат 25 години постоење со концерт во МКЦ и нова плоча

Во сабота на 25 мај, во Младинскиот културен центар ќе се одржи концерт по повод 25 годишнината од активната работа на рок групата Културно метнички работници –  К.У.Р. Јубилејот ќе биде одбележан и со публикување на новата плоча со наслов „25 мај“, која што всушност претставува концертен албум со „бест оф“ материјал на бендот, снимен во живо на 25 мај 2021 година во Кино Фросина во МКЦ.

Објавено на

часот

Сподели

Тон-снимател на албумот е Ненад Трифуновски Трипе, миксот и мастерингот се на Дени Крстев од студиото „1060“, а издавачи се „Корпус деликти рекордс“ и „Кичма рекордс“. Kонцертот се реализира со поддршка на Министерството за култура.
Во својата 25 годишна кариера, К.У.Р. имаат објавено шест студиски албуми, еден анплагд албум, а концертниот албум „25 Мај“ ќе биде нивно прво издание објавено и на плоча. Покрај тоа, сите изданија на бендот се дигитално објавени и може да се превземат од платформата Бендкамп, а може да се преслушуваат и на сите останати стриминг платформи. На концертот бендот ќе се претстави со двочасовен сет и репертоар од сите нивни изданија.

Групата постои од март 1999 година. Формирањето на овој состав е резултат на големото дружење во кафе барот „Браво“ помеѓу членовите на групите Тотално опуштање, No Name Nation, „Бомбашки процес“, „Жолтица на бродот Баунти“ и „Рок агресори“. Членовите на овие групи решија заеднички, со здружени сили да придонесат за промовирање и ширење на рок културата во Македонија.

Од 1999 година, кога е формирана, групата Културно уметнички работници има одржано голем број на самостојни концерти и има свирено на фестивали во Македонија и регионот, како што се: Alarma Punk Jazz Festival 2023, Sofia; Taksirat 2018; D-Festival Dojran 2018; Dok’N’Ritam 2017, Belgrad; D-Festival 2015, Dojran; Vola Open Air 2013, Vratza; Pivo Lend, Skopje, 2008, 2014, 2015, 2023; Alarma Punk Jazz Festival 2009, Sofia; Exit Festival 2008, Novi Sad; Gitarijada 2005, Zajecar; Fusion Festival 2003, Prespa; Alarm festival 2002, Ohrid; Rock Fest 2000, Skopje; Taksirat 1999, Skopje.

Културно уметничкРаботниците“ до сега сцената ја делеле со бендови како: Kud Idijoti, Let 3, Elektricni Orgazam, Rambo Amadeus, Zabranjeno Pusenje, Riblja Corba, Darko Rundek..

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ