сабота, 27 јули 2024

Јужнокорејски танкер се преврте во близина на Јапонија, седум мртви, двајца исчезнати (ВИДЕО)

Во несреќата што се случи утринава во море кај Јапонија кога се преврте јужнокорејски танкер, седум лица загинаа, две се водат како исчезнати, а еден член на екипажот е спасен.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Јапонската крајбрежна стража соопшти дека примила повик за помош од танкер кој почнал да се навалува поради невремето кај јапонскиот остров Хоншу, на околу 1.000 километри од Токио.

Кога крајбрежната стража пристигнала на местото на несреќата, бродот целосно бил превртен, а на снимката на јапонската државна телевизија НХК се гледа како бродот лежи наопаку.

На бродот имало 11 членови на екипажот, од кои девет биле пронајдени. Еден член на екипажот за кого е потврдено дека е жив е од Индонезија, додека крајбрежната стража сè уште трага по други двајца. Засега не е позната состојбата на уште едното лице кое е пронајдено.

Телевизијата НХК објави дека во екипажот имало државјани на Кина, Јужна Кореја и Индонезија, додека капетанот на бродот бил Јужнокорејец. Бродот пловел од јапонското пристаниште Химеџи до Улсан во Јужна Кореја.

Танкерот превезувал 980 тони акрилна киселина, безбојна течност со остар мирис што се користи за производство на плексиглас. Надлежните велат дека не се откриени протекувања, а се проучуваат мерките за заштита на животната средина кои би можеле да се спроведат во случај да дојде до истекување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ