петок, 18 октомври 2024

Јужнокорејски министер: Меѓу загинатите во Украина веројатно има и севернокорејски војници

Јужнокорејскиот министер за одбрана Ким Џонг Хјун изјави дека е „многу веројатно“ дека има севернокорејски војници убиени во Украина, каде што биле испратени да ѝ помогнат на Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Украинските медиуми викендов објавија дека шест севернокорејски офицери биле убиени во украински ракетен напад во близина на Доњецк, во источна Украина.

„Оценуваме како многу веројатно дека имало жртви меѓу севернокорејските офицери и војници во Украина“, изјави јужнокорејски министер во парламентот во Сеул.

Јужна Кореја очекува Пјонгјанг да испрати уште војници на украинскиот фронт како поддршка на Русија, која започна воена операција против Украина во 2022 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ