петок, 26 јули 2024

Јужнокорејската војска истрела предупредувачки истрели кон 20 севернокорејски војници

Јужнокорејската војска истрела серија предупредувачки истрели кон околу 20 севернокорејски војници кои, најверојатно по грешка, ја нарушиле меѓукорејската граница, соопшти денеска Генералштабот во Сеул.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што е наведено, околу 12:30 часот по локално време, околу 20 севернокорејски војници накратко ја преминале демаркационата линија во демилитаризираната зона во централниот дел на границата, а потоа се вратиле на севернокорејската страна откако јужнокорејската војска емитувала предупредувачки пораки и испукала серија истрели, пренесува Јонхап.

„Севернокорејските војници накратко ја преминаа воената демаркациона линија. Откако нашата армија испрати предупредувачки пораки и испука предупредувачки истрели, тие се повлекоа на север“, се вели во соопштението.

Војниците кои ја преминале границата работеле во демилитаризираната зона меѓу двете земји широка четири километри.

Војската на Јужна Кореја смета дека севернокорејските војници извршувале мисија во демилитаризираната зона и „ненамерно“ ја преминале границата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ