вторник, 24 декември 2024

Јужна Кореја: Околу 1.100 севернокорејски војници убиени или ранети во борбите против украинските сили

Околу 1.100 севернокорејски војници се убиени или ранети во борбите против украинските сили, соопшти денеска Комитетот на Здружениот генералштаб на Јужна Кореја.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

„Проценуваме дека севернокорејските војници што неодамна заминаа да се борат против украинските сили имаат околу 1.100 убиени или ранети“, објави Комитетот.

Здружениот генералштаб на Јужна Кореја, исто така, забележал подготовки поради кои се верува дека Северна Кореја се подготвува да испрати нови војници во Русија, како засилување или да замени некои од оние што пристигнале таму порано.

Разузнавачките податоци собрани од Јужна Кореја укажуваат дека Северна Кореја произведува и се подготвува да ѝ испорача на Русија беспилотни летала што самоексплодираат, а дека исто така ја снабдува Москва со ракетни фрлачи од 240 мм и самоодни топови од 170 мм.

Војската на Јужна Кореја верува дека Северна Кореја се обидува да ги модернизира своите конвенционални воени способности со помош на Русија, потпирајќи се на нејзиното искуство во борбата против украинските сили.

„Ова може да доведе до зголемување на воената закана на Северот против нас“, соопшти јужнокорејскиот Генералштаб.

Илјадници севернокорејски војници беа испратени во Русија во последните недели за да ѝ помогнат на руската војска, според извештаите на Западот.

Врховниот командант на украинската армија Олександар Сирски на 17 декември изјави дека руската војска спроведува интензивни офанзивни операции во руската област Курск и активно ги користи севернокорејските воени единици и дека Севернокорејците веќе претрпеле големи загуби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ