недела, 27 октомври 2024

Јужна Кореја му даде отказ на Клинсман

Германскиот тренер, Јирген Клинсман веќе не е селектор на Јужна Кореја, Фудбалската федерација на оваа земја реши да се раздели со него по само една година.

Објавено на

часот

Сподели

59-годишниот Клинсман во февруари минатата година беше именуван за селектор на Јужна Кореја, тогаш потпиша договор со трајност до крајот на Светското првенство 2026 година.

Но, работите не се одвиваа како што посакуваа Корејците. Јужна Кореја загуби во полуфиналето од Азискиот куп, а за нив тоа беше доволно да му дадат отказ на Клинсман.

Исто така имаше информации за тепачки во репрезентацијата меѓу фудбалерите, што можеби исто така имаше влијание врз одлуката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ