вторник, 22 октомври 2024

Јужна Кореја, Јапонија и САД ја потврдија соработката против Северна Кореја и зголемената моќ на Кина

Лидерите на Јужна Кореја, Јапонија и САД денеска издадоа заедничка изјава по повод годишнината од самитот во Кемп Дејвид и го потврдија своето ветување дека заеднички ќе се справат со регионалните предизвици, соопшти кабинетот на јужнокорејскиот претседател.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Принципите за трилатерална соработка воспоставени на самитот минатата година продолжуваат да служат како патоказ за соработката на трите земји, се додава во соопштението од кабинетот на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол.

„Остануваме посветени на консултациите за регионални предизвици, провокации и закани кои влијаат на нашите заеднички интереси и безбедноста“, посочуваат тие.

Американскиот претседател Џо Бајден, јапонскиот премиер Фумио Кишида и Јун се состанаа на 18 август и се согласија да ја продлабочат воената и економската соработка и да заземат унифициран став против растечката моќ на Кина и безбедносните закани од Северна Кореја.

Јужнокорејските медиуми објавија дека лидерите планираат повторно да се сретнат оваа година, повикувајќи се на неименувани извори, но дека сè уште не е јасно кога, особено откако Кишида најави дека ќе се повлече.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ