вторник, 1 октомври 2024

Јужна Кореја ја претстави својата најмоќна балистичка ракета, претседателот со предупредување до Северна Кореја (ВИДЕО)

Јужна Кореја ја претстави својата најмоќна балистичка ракета и друго оружје за време на церемонијата на Денот на вооружените сили додека јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јол предупреди дека „режимот“ на Северна ќе пропадне доколку се обиде да користи нуклеарно оружје.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Приказот на оружјето и предупредувањето на Јужна Кореја против Северна Кореја дојде откако Северна неодамна го откри својот капацитет за збогатување ураниум и тестираше проектили пред претседателските избори во САД во ноември, објави АП.

„Ако Северна Кореја се обиде да употреби нуклеарно оружје, ќе се соочи со решителен одговор од нашата и војската на нашиот сојузник САД. Тој ден ќе биде крај на севернокорејскиот режим“, им рече претседателот Јун Сук Јол на собраните војници на воен аеродром во близина на Сеул.

За време на церемонијата, јужнокорејската војска покажа околу 340 парчиња воена опрема и системи на оружје.

Меѓу нив беше и нејзината најмоќна балистичка ракета, Хјунму-5, за која експертите велат дека може да носи боева глава тешка околу осум тони и може да навлезе длабоко во земјата и да ги уништи подземните бункери во Северна Кореја. Ова беше прв пат Јужна Кореја да ја открие ракетата.

За време на церемонијата, САД летаа со бомбардер Б-1Б.

Откако го презеде претседателството во 2022 година, Џун Сук Јол го зајакна воениот сојуз со САД и ја подобри трилатералната безбедносна соработка Сеул-Вашингтон-Токио.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ