вторник, 22 октомври 2024

Јужна Кореја и САД започнаа воени вежби, „Војна може да избие во секое време“

Јужна Кореја и САД денеска започнаа годишни летни воени вежби за да ја зајакнат заедничката подготвеност за одбрана од севернокорејското оружје и сајбер заканите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вежбите „Штитот на слободата Улчи“, кои ќе траат до 29 август, се спроведуваат додека Северна Кореја продолжува да ги развива своите нуклеарни и ракетни програми и обидите за лансирање на извидувачки сателити.

Вежбите ќе ги одразуваат „реалните закани“ во сите домени, вклучително и ракетните закани на Северна Кореја, како и попречувањето на ГПС, сајбер нападите и другите лекции научени од неодамнешните инциденти, соопштија воените сили на двете земји.

Јужна Кореја одделно ќе спроведе симултани вежби за цивилна одбрана Улчи предводени од владата, според сценарио на севернокорејски нуклеарен напад, соопштија официјални лица.

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол повика на целосна готовност против Северна Кореја, опишувајќи ја како „најмалку промислена и најирационална земја во светот“.

„Како што се гледа во Украина и конфликтите на Блискиот Исток, војна може да избие во секое време“, рече Јун Сук Јеол на состанокот на владата.

„И природата на војната е променета во споредба со порано, таа се води во хибридна форма која комбинира регуларна, неправилна и сајбер војна, па дури и јавното мислење и психолошка војна користејќи лажни вести“, рече јужнокорејскиот претседател.

Во воените вежби ќе учествуваат околу 19.000 јужнокорејски војници, рече Јун.

Пјонгјанг постојано ги осудува овие вежби и ги нарече проби за нуклеарна војна.

Сеул и Вашингтон тврдат дека вежбите имаат одбранбен карактер и одговор на заканите од Северна Кореја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ