сабота, 27 јули 2024

Јужна Кореја го суспендира договорот со Северна поради нападите со балоните со ѓубре

Претседателскиот Совет за национална безбедност на Јужна Кореја (НСЦ) одлучи да го суспендира воениот договор од 2018 година со Пјонгјанг додека не се врати меѓусебната доверба, како одговор на масовното испраќање балони со отпад од Северна Кореја во Јужна Кореја.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На состанокот, на кој беше оценета неодамнешната серија провокации од Северна Кореја, Советот одлучи да предложи суспензија на Сеопфатниот воен договор на седницата на кабинетот закажана за вторник, пренесува Јонхап.

Според предлогот, суспензијата на воениот договор ќе трае „до враќање на меѓусебната доверба меѓу двете Кореи“, се наведува во соопштението на претседателскиот кабинет.

На состанокот на НСЦ беше констатирано дека оваа мерка ќе овозможи воена обука во близина на воената демаркациона линија и ќе овозможи поадекватни и итни одговори на севернокорејските провокации.

„Владата ќе ги преземе сите неопходни мерки за заштита на животот и безбедноста на нашите граѓани“, се наведува во соопштението на претседателскиот кабинет.

Северна Кореја испрати речиси 1.000 балони со ѓубре во Јужна Кореја од четвртокот во, како што рече Пјонгјанг, кампања против јужнокорејските активисти кои испраќаат балони со пропаганден материјал во кои се критикуваат севернокорејските власти.

Во оваа акција нема човечки жртви, но падот на некои балони предизвикал материјална штета, наведува Јонхап.

Јужна Кореја вчера објави дека наскоро ќе преземе големи одмазднички чекори против Северна Кореја, која лансира балони со ѓубре преку граница.

Неколку часа по тоа предупредување, Северна Кореја објави дека привремено ќе престане да испраќа балони со ѓубре во Јужна Кореја, објави државната новинска агенција КЦНА, повикувајќи се на изјава на заменик министерот за одбрана на земјата.

Во април 2018 година, тогашниот јужнокорејски претседател Мун Џае Ин и севернокорејскиот врховен лидер Ким Џонг Ун се состанаа во селото Панмунџом и ја потпишаа Декларацијата Панмунџом, по што следеше заедничка декларација потпишана во Пјонгјанг во септември 2018 година.

Воениот договор, анекс на заедничката декларација, беше потпишан на 19 септември 2018 година, за да се запрат сите непријателски воени дејства и да се воспостават тампон зони преку меѓукорејската граница на копно, море и воздух.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ