петок, 26 јули 2024

Јужна Африка: Повеќе од 50 земји изразија поддршка на тужбата против Израел пред Меѓународниот суд на правдата

Јужна Африка соопшти дека повеќе од 50 земји изразиле поддршка на нејзината тужба во Меѓународниот суд на правдата во која го обвини Израел за геноцид над Палестинците во војната во Газа.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Други, вклучувајќи ги Соединетите Американски Држави, остро ги отфрлија тврдењата на Јужна Африка дека Израел ја крши Конвенцијата на Обединетите нации за спречување и казнување на злосторството геноцид.

Голем број не се огласиле, пренесува Асошиејтед прес.

Реакцијата на светот на постапката пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг ја покажува предвидливата глобална поделба кога станува збор за 75-годишниот проблем на Израелците и Палестинците, пишува американската агенција.

Денес е 100-от ден од нивниот најкрвав судир досега.

Повеќето земји кои го поддржуваат случајот на Јужна Африка се од арапскиот свет и Африка. Во Европа само муслиманска Турција јавно ја изрази својата поддршка.

Ниедна западна држава не изрази поддршка на обвинувањата против Израел.

САД, најблискиот сојузник на Тел Авив, ги отфрлија обвинувањата како неосновани, Британија ги нарече неоправдани, а Германија порача дека „експлицитно ги отфрла“.

Кина и Русија не се изјаснија за еден од најважните случаи кој се нашол пред меѓународниот суд. Европската Унија исто така не го коментираше случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ