сабота, 19 октомври 2024

Јужна Африка бара враќање на најголемиот дијамант на светот по повод крунисувањето на Чарлс

Објавено на

часот

Сподели

Кулинан И., (именуван по тогашниот управител на рудникот), познат и како „Ѕвездата на Африка“ со тежина од 530 карати, бил пронајден во 1905 година во Јужна Африка, кога била британска колонија. Две години подоцна, тогашната колонијална влада му го подари каменот на кралот Едвард VII за неговиот роденден.

„Целото рудно богатство на Јужна Африка му припаѓа на јужноафриканскиот народ, а не на британската палата“, изјави вчера пратеникот Вујолвету Зунгула, претседател на малата опозициска партија. „Луѓето умираа, се пролеваше крв за тие дијаманти да дојдат во Велика Британија“.

Дијамантот Кулинан од 3.126 карати е најголемиот дијамант некогаш ископан и во необработена состојба тежел 621 грам. Бил испратен во Амстердам и исечен на два големи главни камења, седум скапоцени камења и 96 брилијанти.

Многу од овие дијаманти денес ја красат кралската круна, а други им биле поделени на другите членови на кралското семејство.

Од укинувањето на апартхејдот редовно стасуваат повици до Лондон да го врати дијамантот, а тоа беше случај и при посетата на кралицата Елизабета Втора во ЈАР во 1995 година. Истовремено, во последниве години, поранешните колонијални сили сè повеќе ги враќаат африканските предмети во земјите од кои се земени.

„Сакаме да ги вратиме Ѕвездата на Африка и сите дијаманти, злато и други минерали украдени од Јужна Африка од страна на Британската империја и тоа БЕЗ НАДОМЕСТ“, напиша пратеникот Карл Нихаус од владејачкиот Африкански национален конгрес (АНЦ) на Твитер по смртта на кралицата во септември.

„Не се плаќа за враќање на украдената стока!“ е името на онлајн петицијата во која се повикува кралот Чарлс Трети да ги врати дијамантите. „Како Јужноафриканци, бараме враќање на нашите дијаманти за да бидат изложени во музеј“, се вели во петицијата, која досега ја потпишале 8.000 луѓе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ