четврток, 30 мај 2024
Серија А

Јувентус три месеци не знае за победа во гости, вечерва со автогол се спасуваше од пораз кај Каљари (ВИДЕО)

„Старата дама“ потфрли на уште едно гостување, вечерва избраниците на Макс Алегри во финишот се спауваа од пораз против Каљари и одиграа 2-2.

Објавено на

часот

Сподели

Јувентус три месеци не знае за победа во гости, последен пат стигнаа до три бода надвор од Торино на дулеот против Лече на 21. јануари.

Избраниците на Макс Алегри вечерва потфрлија и на Сардинија, каде во финишот се спасуваа од пораз против Каљари.

Домаќините одлично го отворија натпреварот, крераа неколку шанси и поведоа по половина час игра, Гaетано од пенал донесе 1-0. Пет минути подоцна беше досудена нова најстрога казна, а овој пат, Мина беше сигурен од белата точка за 2-0.

Влаховиќ намали на 2-1 во 61. минута од мечот, Србинот убаво од слободен удар ја затресе мрежата и го врати Јувентус во игра.

Поразот беше избегнат во 87. минута, кога несреќниот Досена си постигна автогол во намерата да расчисти една нафрлена топка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ