сабота, 27 јули 2024

Јувентус со гол во 95. минута дојде до победа над Фросиноне (ВИДЕО)

Јувентус извојува тешка победа од 3-2 над Фросиноне која ја обезбеди буквално во последните моменти од мечот, со ова старата дама ја прекина серијата без триумф.

Објавено на

часот

Сподели

Јувентус во натпреварот против Фросиноне влезе со серија од четири натпревари без победи, малку фалеше да го одигра и петтиот ваков меч, но Ругани погоди во 95. минута за триумф.

Влаховиќ уште во третата минута донесе водство на Јувентус, но следуваше пресврт. Чедира во 14. минута изедначи на 1-1, а Брешанини во 27. минута погоди за комплетен пресврт и водство од 2-1 за Фросиноне.

Во 32. минута Влаховиќ постигна уште еден гол за израмнување на 2-2. Со тој резултат се замина на одморот.

Вториот дел не беше ни налик на првиот во поглед на возбудувањата, но во 95. минута по асистенција од Влаховиќ, Ругани донесе победа за Јуве од 3-2.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ